Нина Бадриќ жртва на интернет криминал: Пејачката со предупредување до обожавателите – ММС
ММС

Објавено на: 01/4/21 8:41 AM

Нина Бадриќ жртва на интернет криминал: Пејачката со предупредување до обожавателите

Пејачката, Нина Бадриќ ги предупреди своите обожаватели да не веруваат во се’ во што се споменува нејзиното име, особено кога се работи за разни огласи.

Луѓе! Не наседнувајте на лаги. Се одрекувам од каква било поврзаност со овие огласи со кои е полн интернетот. Тие се лажни како и производите кои ги продаваат, ова е интернет криминал – напиша Нина.

Таа додаде дека со тие лажни огласи, некои луѓе заработуваат пари.

Тие крадат фотографии кои се моја сопственост. Измислуваат интервју со мене кое јас не сум го дала, се занимаваат со криминал. Верувам во вашиот памет – додаде пејачката.

Потоа даде и конкретен пример:

„Не купувајте лажни таблети во кои којзнае што е сместено, па не ни знаете што внесувате во себе. Благодарам на вниманието“.

Треба да се напиша за какви огласи точно станува збор за да знаат луѓето. Видов некои за тоа што си го пиела за слабеење, дали мислиш на тоа  – праша една обожавателка, на што Нина кратко одговори: „Да“!

 

Фото:  Instagram /  badrich

Извор:     srbijadanas.com