До крајот на март ќе бидат опремени 10 судници во пет основни суда во земјата за одржување онлајн судења – најави министерот за правда, Бојан Маричиќ во интервју за МИА.
– Мора да ги користиме придобивките на модерната технологија доколку сакаме да сме во тек со современите текови. Веќе знаете дека судот во Кавадарци одржа онлајн рочиште, а тоа треба да ни биде и мотив дека тоа е можно и во Северна Македонија – вели Маричиќ.
Според него, Министерство ја отворило темата за онлајн судења и дигитализација на судството од самиот почеток на пандемијата.
Во 2021 година, како што истакнува Маричиќ, ќе се интензивира работата на внесување на потребните одредби во законските решенија, а дополнително ќе се работи на обезбедување на потребната опрема и кадар за непречено одвивање на процесот.
МИА