Кого изгубивме во 2020 година?! – ММС
ММС

Објавено на: 01/3/21 5:24 PM

Кого изгубивме во 2020 година?!

Изминатата 2020 година е една од најнепосакуваните години и можеби единствена за која не поврзуваат не толку убави спомени. Пандемијата со корона вирусот предизвика „текстонски“ пореметувања во секојдневниот начин на живеење, начин на живот, комуникација, начин на работа.

Секогаш на крајот од годината ги сумираме добрите и лошите работи. Овој текст ќе го започнеме со убавите вести односно со приновата на дел од јавните личности.

Февруари минатата година беше среќен месец за македонскиот фолк пејач Дамјан Стојановски кој се ожени и очекуваше принова со неговата сопруга.

Во април актерката Нина Деан стана за прв пат мајка. Таа роди син кој по нејзина желба и желба на сопругот Мартин, се вика Каи.

Но не беше само таа, мајка за прв пат оваа година во месец јуни стана и Јелена Јованова Периќ, или „Јелена од Драчево“ која ја има една од нејвпечатливите улоги во серијата „Преспав“.

Пере од „Нокаут“ по трет пат татко стана татко.

Татко стана и холивудската ѕвезда Ричард Гир во април и тоа на 70 години.

Кога ќе ги собереме на едно место убавите работи, за жал оние лошите или тажните се во поголем број од другите. Короната оваа година за жал однесе голем број на починати, не бираше дали тие се славни или не. Иако мислевме дека сето зло ќе го оставиме зад нас, на вториот ден од Новата Година не пречека инфрмација дека македонската музичка сцена загуби еден од најквалитетните виолинисти, маестро Зоран Џорлев.

Но изминатата година оваа листа е многу поголема:

Во јануари заминаа две големи легенди од светот на спортот, Коби Брајант нба кошаркарот загина во хелихоптерска несреќа заедно со неговата најголема ќерка, а во февруари на домашен терен во легендите замина и македонскиот некогашен кошаркар и југословенски репрезентативец Благоја Георгиевски – Буштур.

Ѓорѓи Желчевски од дуото Селимова Желчески, го напушти овој свет. Тој беше пејач на народна музика и скоро секогаш во придружба на неговата сопруга Кевсер Селимова.

Во месец мај поради компликации со корона вирусот на Инфективната клиника почина македонскиот шоумен, пејач, композитор и водител Драган Вучиќ.

Во септември не напуштија градскиот скопски хроничар  Данило Коцевски, Нина Спирова една од најпознатите македонски пејачки на староградска и народна музика на сите времиња.

Во октомври по гламурозната свадба на Босвор на неговата внука, не напушти Амди Бајрам, Данчо Чевревски македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и продуцент.

Во декември почина Марјан Лазоски македонски поранешен професионален кошаркар и поранешен тренер на КК Работнички, МЗТ Аеродорм, Вардар и АМАК СП.

Од Балканот, Неда Арнериќ српска филмска, театарска и телевизиска глумица, Џеј Рамадановски српски пејач на фолк и поп фолк музика, Крунослав Киќо Слабинац хрватски пејач, гитарист, композитор и аранжер.

Во светски размери шкодскиот актер Сер Томас Шон Конери подобро познат како Шон Конери, италијанско францускиот моден креатор Пјер Карден кој почина на 29 декември 2020 година.

Г.Д