Новата година за фановите на Париз Сен Жермен започна возбудливо, откако јавната тајна во името на „Покетино ќе биде нов тренер на ПСЖ“ денес беше официјализирана од клубот во Франција.
Поранешниот стратег на Тотенхем ќе го замени германскиот колега Томас Тухел, кој во 2021-та година можеби ќе седне на жешкото столче во Барселона. Четириесет и осумгодишниот Аргентинец, во периодот од 2001 до 2003 година го носеше дресот на парижани.
ПСЖ во моментот се наоѓа на третата позиција во домашното првенство, а во 1/8 финалето од Лигата на Шампионите ќе мора да се соочи со Барселона.
Welcome Mauricio Pochettino 👋 pic.twitter.com/sMXDA7p5Hh
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) January 2, 2021
Фото:
Тwitter / @PSG_English
skysports.com