Жална вест: Почина маестралниот виолинист Зоран Џорлев – ММС
ММС

Објавено на: 01/1/21 7:26 PM

Жална вест: Почина маестралниот виолинист Зоран Џорлев

Познатиот македонски виолински виртуоз, Зоран Џорлев, почина на 54-годишна возраст како последица од коронавирусот.

Џорлев веќе некое време се борел со вирусот, но за жал на првиот ден од новата година ја загуби битката.

Роден е во Струмица на 10 јануари, 1967 година, каде што го поминал детството. Во 1989 година дипломирал виолина на Факултетот за музичка уметност. Од 2011 година до 2017 година беше директор на ансамблот за народни игри и песни „Танец“.

На социјалните мрежи пријателите и колегите се опростуваат од великанот на македонската музика.

Џорлев во јуни реши да го смени 20 годишниот имиџ, неговата препознатлива долга коса. Тогaш тој за ММс изјави:

„Се чувствувам многу олеснето и препородено. Покрај косата, имав уникатен накит, правен специјално за мене. Имав обетки, прстени, бразлетни во облик на виолина. И тој накит замина во минатото. Едноставно почувствував дека ми е потребна промена. И тргнав со промена на физичкиот изглед. Беше јануари 2000 година кога решив да ја пуштам косата и еве сега по две децении дојде време за промена, изјави тогаш Џорлев.

.Зоки  тогаш откри дека на денот кога го сменил имиџот славел  годишнина од брак со неговата сопруга Офелија и дека промената на имиџот не е од (не)задоволството во љубовта.

-Јас и Офелија денес имаме годишнина. Во брак славиме 27 години, а 28 како сме заедно. И не сум се вљубил повторно во жена ми, бидејќи не сум се ни одљубил, ни призна тогаш Зоки.