Научниците открија: Како апликациите за запознавање влијаат на љубовните врски? – ММС
ММС

Објавено на: 12/31/20 12:02 AM

Научниците открија: Како апликациите за запознавање влијаат на љубовните врски?

Спротивно на предупредувањата дека апликациите за средби на парови поттикнуваат површни и краткотрајни средби лишени од вистинска романтика и љубов, една швајцарска студија покажала дека е многу поверојатно дека апликацијата ќе ги поттикне нејзините корисници на остварување на долготрајни врски.

Мобилните апликации на револуционерен начин влијаеја на средбите на парови ширум светот и брзо станаа главен механизам за создавање на врсли во многу држави.

За разлика од традиционалните интернет страници за запознавање, на кои се бара детален профил на корисникот, апликациите за паметните телефони (како Тиндер) генерално се темелат на оценки на фотографиите.

Некои научници покажале загриженост дека таквиот начин на запознавање можел негативно да влијае на начинот на кој комуницираме, се заљубуваме и создаваме трајна врска. Но студијата спроведена на Универзитетот во Женева (УНИГ), чии резултати се објавени во списанието PLOS ONE, укажува на тоа дека паровите кои се имат сретнато со посредство на апликација покажале силна намера за заеднички живот, за разлика од паровите кои се сретнале offline.

„Многумина сметаат дека „средбите“ по пат на апликација негативно влијаат на квалитет на односите, бидејќи луѓето се лишуваат од потребата за квалитетна или долгорочна врска“, објаснуваат од UNIG – Инсититутот за демографија и социоекономија.

Професорите во полза на истражувањето ги искористиле податоците на швајцарскиот Државен заов за статистика од 2018 година, анализирајќи ги одговорите на повеќе од 300 луѓе кои биле во врска, а својот партнер или партнерка ги запознале во изминатите десет години. Анализата покажала дека паровите кои се запознале по пат на апликација биле повеќе мотивирани за заеднички живот од останатите.

„Целта на оваа студија не е да се истражи дали крајната цел на паровите е долгорочен или краткорочен заеднички живот“,  вели професорката додавајќи дека некои парови заедничкиот живот го гледат како еден вид „пробен период пред венчавката“.

Студијата покажала дека паровите кои се споиле со апликација, имале посилна желба за потомство од останатите. Студијата тврди дека паровите кои се запознале по пат на апликација за средби биле еднакво задоволни во своите врски како и оние кои своите парнери ги запознале на традиционален начин. Се смета дека резултатите од истражувањето се посебно интересни и поттикнувачки во времето во кое живееме-во тек на пандемија од коронавирус, која значително го има намалено бројот на традиционалните средби.

 

Извор:  informer/hr