Нема штетни состојки и целосно ќе и’ годи на вашата кожа: Направете сами крема за лице според рецептот на Клеопатра – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/20 10:39 PM

Нема штетни состојки и целосно ќе и’ годи на вашата кожа: Направете сами крема за лице според рецептот на Клеопатра

Дали сте знаеле дека постои многу едноставен рецепт со кој може сами да направите потполно природна крема за лице и тело? Токму таквиот рецепт ви го претставуваме денеска, а според него може да направите крема која има се’ што и’ е потребно на вашата кожа за да стане понежна, почиста, поубава и понегувана.

Упатствата се објавени на блогот Nurturing health through naturе и навистина не е тешко да се направи оваа крема. Пред да ги споменеме состојките, важно е да се напомене дека се смета, оти овој рецепт го користела и египетската владетелка Клеопатра.

Маслена база:

-20 гр пчелин восок

-1/3 шоља кокосово масло

½ шоља маслиново масло

-1 лажичка етерично масло од роза или некое друго ваше омилено, кое е нежно за кожата, иако оваа состојка не е задолжителна

Водена база:

-100 мл алое вера гел

-150 мл ружина водичка

Кремата ја сочинуват 50:50 водена и маслена база.

Подготовка:

Најпрво стопете ги восокот и кокосовото масло на пареа. Измешајте ги алое вера гелот и ружината водичка и тргнете на страна.

Стопениот восок и маслото извадете ги од врелата вода и оставете смесата малку да се излади-да биде топла, ама не врела.

Во оваа млака смеса додадете го маслиновото масло и промешајте. Додајте ги етеричните масла доколку истите ги користите. Мешавината веднаш ставете ја во блендер. Лесно мешајте ги состојките и додавајте ја мешавината од алое вера гелот и ружината водичка-малку по малку.

Блендирајтедодека сите состојки целосно не се соединат. Ќе добиете 50 мл крема за лице, која  можете да ја чувате во тегличка. Наместо ружина водичка можете да користите и филтрирана вода. Интересно е тоа што оваа крема има долг рок на траење-до 1 година. Нанесете ја на чисто лице по потреба, но најдобро наутро.

 

Извор:  stil.kurir.rs