Александар Ѓеоргиевски, пожарникарот од Штип, кој замина за Хрватска волонтерски да помогне во справување со последици од страшниот земјотрес, денес цел ден, заедно со хрватските колеги помагаше во распределбата на хуманитарната помош. Тој за ММС го сподели неговит впечаток како беше меѓу исплашените граѓани на кои има делеше помош. Александар за ММС направи фотографии за да ни покажи со што се соочуваат жителите на Сисак.
-Утрово стасав околу пет часот и веќе во по шест имаше уште неколку земјотреси од кои едниот беше посериозен. Од Загреб дојдовме во Сисак и веднаш ме вклучија во територијалната противпожарна единица. Веднаш стасаа четири шлепери полни со донации од различни места. Ги складираме во магацин па оттаму ги распределувавме по луге. Состојбата е хаотична, сите институции се на терен, војска, полиција, волонтери. Многу луѓе има и сите сакаат да помогнат. Граганите се исплашени, некои ги напуштија домовите а некои и покрај препораките не сакаа. Навистина состојбата е хаотична, рече Александар и додаде:
Скоро 80 проценти од градот е срушен.Имаме уште 37 часа работа за да се испразнат над 15 шлепери а 18 тони има еден шлепер. Во вакви ситуации некогаш може да биде и проблем ако има многу луге, се создава хаос. Колку и да си професионалец, луѓето се под стрес, нервозни. Не знам дали има уште некој од Македонија, јас сам дојдов. Пишав на Фејсбук ако сака некој да ми се придружи и чекав неколку часа, но никој не се приклучи и решив сам да појдам. Дополнителен проблем е ковидот и не знам како ќе се заштитиме, 18 тона е еден шлепер, од рака на рака си подаваме за да ги испразниме, ни рече Александар.