Создаваат ли прегратките зависност? Експертите објаснија што е тоа што нè влече толку силно кон топла прегратка! – ММС
ММС

Објавено на: 12/30/20 12:01 AM

Создаваат ли прегратките зависност? Експертите објаснија што е тоа што нè влече толку силно кон топла прегратка!

Прегрнувањето е прекрасно, oсобено кога е искрено. Гушкањето и галењето со најблиските предизвикува хемиски реакции во организмот.

Една студија вели дека гушкањето не е само начин да покажете некому дека ви се допаѓа, туку дека го намалува нивото на хормонoт на стрес во телото.Покрај тоа, прегратките можат да помогнат во рамнотежата на нивото на холестерол. Сепак, има еден „недостаток“ – може да предизвика зависност.

Експертите заклучиле дека гушкањето може да биде она што ве прави поблиски со вашата сакана личност, па затоа имате причина плус да се гушкате. Всушност, со прегратките се ослободуваат супстанции што прават да се чувствуваме добро. Прегратките може да ви помогнат да изградите долготрајна и посилна врска.

Научниците веруваат дека прегратките можат да го продолжат животот до пет години, но и да ја направат вашата врска подолгорочна.

Паровите нема да негираат дека гушкањето создава поголема блискост во врската, но многумина се сомневаат дека тоа сепак создава зависност. Причината за тоа чувство е хормонот окситоцин, кој исто така е одговорен и за врската помеѓу мајките и бебињата. Сепак, со текот на времето, научниците сфатиле дека овој хормон произведува чувство на среќа, топлина и љубов. Значи, тоа прави да се чувствуваме добро.

Научниците откриле и дека мозокот ослободува окситоцин во големи количини кога остваруваме физички контакт со некој што е важен за нас. Во превод, нашите тела, поради ова, сакаат сè повеќе прегратки.

Значи, ако вие или вашиот партнер обожувате да се гушкате и ви се чини дека сте опседнати, треба да знаете дека може да има научно објаснување за тоа.

Окситоцин ја намалува можноста за изневерување

Луѓето се моногамни суштества кои имаат потреба да создадат семејство. Експертите сè уште се обидуваат да разберат зошто е тоа така.

Окситоцинот, изненадувачки, може да игра улога во тоа дали луѓето остануваат верни.

Психијатарот, Рене Хурлеман спроведе истражување кое сугерира дека честите напади на окситоцин ги прават нашите партнери уште попривлечни. Покрај тоа, постојаното ослободување на окситоцин предизвикува ослободување на допамин, хормон кој исто така прави да се чувствуваме добро. Оттука не е ни чудо што можеме да станеме зависни од луѓето што ги гушкаме. Причината може да биде од хемиска природа. Затоа, следен пат кога ќе помислите дека сте зависни од прегратки, не грижете се, тоа е природна работа.

 

Извор:   espreso.rs