Оптимистичниот партнер може да го подобри вашето психофизичко здравје – ММС
ММС

Објавено на: 12/29/20 11:23 PM

Оптимистичниот партнер може да го подобри вашето психофизичко здравје

Дали вашиот партнер ја гледа чашата со вода како полуполна, или пак, како полупразна? Дали очекува работите да се движат кон подобро или кон полошо? Тоа е важно, бидејќи го одредува начинот на кој неговиот карактер може да влијае врз вашето ментално здравје – тврдат експертите.

Истражувачите од Универзитетот во Мичиген во Источен Лансинг откриле дека со своето оптимистичко размислување, едно лице може да му помогне на својот партнер на долг рок и добро да влијае на неговото физичко и ментално здравје – пишува Medical News Today.

Моќта на оптимизмот е толку силна што може да помогне во борбата против ризикот од разни здравствени проблеми, како што се деменција и Алцхајмерова болест, бидејќи парот расте заедно.

Студијата следела 4.457 хетеросексуални парови во текот на осум години.

„Постои потенцијална врска помеѓу бракот со оптимист и спречувањето на когнитивниот пад. Оптимистите прават секакви здрави работи. Тие се физички поактивни, одржуваат здрава исхрана и избегнуваат штетни работи како што се лекови и алкохол“, изјавил д-р Вилијам Чопик, коавтор на студијата.

 

Извор:  avaz.ba