Гвинет Ли по смртта на сопругот одлучила да го промени својот живот. Оваа вдовица која сега е педесет години секојдневно има состаноци со богати мажи кои ги изневеруваат своите сопруги. Најпознатата сериска љубовница тврди дека за неверството виновни се гените.
Гвинет истакнува дека третина од нејзините љубовници имале родители кои исто така биле неверни, па убедена е дека постои таканаречениот „ген за неверство“ кој наводно се пренесува од колено на колено.
Кога родителите имаат афера, нивните ќерки или синови многу помалку се плашат од неодобрувањето на родителите, бидејќи знаат дека и самите биле неверни.
-Изневерувањето уништува семејства. Синовите и ќерките на неверните родители помалку се плашат од критики бидејќи знаат дека и тие во минатото го правеле истото. Еден од мажите со кои се гледав беше добро ситуиран банкар, чија мајка се мажела дури три пати. Тој пораснал со неа гледајќи како таа излегува со разни мажи и тоа секако влијаело на неговото однесување подоцна – објаснува Ли.
-Уште еден од моите љубовници беше тип во триесеттите години, чии родители се изневерувале додека тој бил тинејџер. Денес е во брак и не може да биде верен. Ми рече дека идејата за останување со истата жена му се чини здодевна, откако видел колку неговите родители се забавувале со други луѓе. И неговата сопруга него го изневерува, исто така по примерот на своите родители. Би рекла дека изневерувањето привлекува друго изневерување, а така и двете страни знаат што може да очекуваат – смета Ли.
Вдовицата исто така истакнува дека во денешно време многу жени се подготвени да се впуштат во афера. Тоа го прават дури и нејзините пријателки.
Фото: Инстаграм / thedesertmanorpd
Извор: Informer