Тиквата претставува основа за многу рецепти во овој период од годината.
Тиквата содржи каротин или провитамин А, витамин Ц и витамини од Б групата-Б1, Б2, Б3, Б6, но и фолна киселина. Богата е со минерали како што се калиум, фосфор, калциум и железо, како и со растителни протеини и белковини.
Токму поради тоа се подготвуваат разни специјалитети со тиква, а еве како можете да ја наполните и да направите прекрасен оброк.
Состојки:
Средна тиква
300 гр мелено месо
100 гр ориз
1 главица кромид
2 чешниња лук
Морков
200 гр кашкавал
Маслиново масло, сол и црн пипер
Мешавина од зачини за тиквата-цимет, каранфилче, мускатно оревче и гумбир во прав.
Подготовка:
На тиквата отсечете и’ го врвот и издлабете ја. Внатрешниот дел од тиквата исчистете го од семки и исечете го на коцки, а оризот сварете го. Кромидот и морковот ситно исечкајте ги и пропржете ги на масло. Додајте го изгмечениот лук со меленото месо, а потоа и сите зачини и издинстајте.
На крајот додајте ги коцките од тиква и промешајте.
Наполнете ја тиквата со приготвениот фил и печете во рерна на 250 степени околу 1 час. По потреба додајте вода во тавата. После 1 час отстранете го капакот, посолете со ренданиот кашкавал и вратете во рерна да се пече околу десетина минути.
Фото: Илустрација / Freepik
Извор: kurir.rs