Лажна вест со морбидна содржина е проширена на фејсбук за наводно починати две девојки од Кавадарци од ковид 19. Според првичните информации хакиран е профилот на мајката на девојчињата.
„Постојано ни се јавуваат роднини и пријатели да прашаат дали е вистина. Нема никаква вистина. Сега ќе пријавам во полиција” , ни рече во телефонски разговор таткото на девојките.
Дека се работи за лажна вест ни потврдија и од Министерството за здравство.
Фото: Илустрација / Freepik
Ангел Данов