– Собраниската Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница ја разгледа Информација за продолжување на набавката на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата со склучување на амандман/анекс на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија со Владата на Соединетите Американски Држави.
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во образложението на Информацијата потенцира дека согласно долгорочниот план за развој на одбранбените способности за модернизацијата на Армијата се планира 20 повеќегодишни проекти, што ќе изнесуваат околу 700 милиони евра до 2028 година, а ова е еден од проектите со кои прво се започнува од 2019 година.
– Сметавме дека е најсоодветно да го направиме првиот договор со Владата на САД што е досега и најголем донатор и вложувач во капацитетие на Армијата. Овој договор го потпишавме минатата година, согласно законот рефериравме пред Комисијата, меѓутоа бидејќи дговорот се реализира според американски правила, практично ние секоја година ќе доаѓаме со оваа информација пред вас и секоја година еден дел од набавката што се покрива со буџетските средства ќе биде реферирана пред Комисијата, рече Шекеринска.
Додаде дека од сопствените буџетски средства обезбедени се пари и од американските програми за поддршка на ваквите модернизации. На почетокот, информира Шекеринска, таквите средства биле 36 милиони американски долари, а сега ќе бидат над 50 милиони амрикански долари, што ќе овозможи со помалку наши пари да се обезбеди поголема набавка.
– Ако минатата година ги обезбедивме основните 33 возила, а ќе одиме до 152, оваа година го финансираме нивното опремување, со вооружување и со заштита, со средства за обука и рзлични елемнти неопходни за да функционира лесната пешадиска борбена група, појасни министерката за одбрана Шекеринска.
Комисијата заклучи дека се прифатливи и може да се дадат на понатамошно читање и Предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, на Законот за прометот на експлозивни материи и на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, сите во прво читање.
Државниот секретар во МВР Магдалена Несторовска појасни дека измените и дополнувањата во Предлог-законот за следење на комуникациите е еден од 19 – те закони, за кои овластен предлагач е МВР, а се усогласуваат со новиот Закон за прекршоци. Конкретно усогласување во овој Закон, информира таа, се врши со воведување нови глоби, што се однесуваат за правните и физички лица, за прекршоци во сферата на следето на комуникациите. И во однос на Законот за прометот на експлозивни материи, подвлече Несторовска, се врши усогласува со основниот Закон за прекршоци се во таа насока се менуваат глобите за прекршоците што се прават од оваа област, а се однесуваат на користење и употреба на експлозивните материјали.
Заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусеин појасни дека и со измените и дополнувањата на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, се врши усогласување со Законот за прекршоци. Најголемата промена е што се воведува неколкукратно налмалување на висината на глобите, преку утврдување точен распон на висината на прекршочните глоби и усогласување на сите матеројални зкаони во правец на нивнот усогласување со предвидената висина на глоби во Законот за прекршоци.
Тој потенцира дека во Законот првпат се прави јасно разграничување помеѓу административните и судските прекршоци.
МИА