Го прекршиле дозволеното работно време, приведени двајца гостиварски угостители – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/20 10:30 AM

Го прекршиле дозволеното работно време, приведени двајца гостиварски угостители

Двајца сопственици на угостителски објекти ги привела полицијата бидејќи работеле по дозволеното работното време.

Спред СВР Тетово, вчеравечер (27 декември) околу 22 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 45-годишниот Ш.Ш. од Чегране, поради тоа што неговиот угостителски објект во ова гостиварско село бил отворен по 18 часот и во него престојувале гости. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар, објектот е затворен од Државниот пазарен инспекторат и ќе му биде изготвен поднесок по член 206 од Кривичниот законик

Синоќа исто така во 19 часот и 45 минути, полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д.З.(65) од Гостивар, затоа што во неговиот угостителски објект (чајџилница) на улица „Павле Аврамовски” во Гостивар, се наоѓале неколку лица и конзумирале пијалаци. Д.З. задржан е во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик, додека објектот времено е затворен од Државниот пазарен инспекторат.