Денес советот за реформи треба да ја потврди методологијата за прочистување на правосудството – ММС
ММС

Објавено на: 12/28/20 7:48 AM

Денес советот за реформи треба да ја потврди методологијата за прочистување на правосудството

Советот за реформи во судството денеска треба да ја потврди методологијата за прочистување на правосудството. Овој поцес, како што најави министерот за правда Бојан Маричиќ на прес-конференцијата по повод 100 дена Влада, е примарен за враќањето на довербата на граѓаните во системот.

-Долги судски рочишта, безброј одложувања, неефикасни постапки. Токму затоа во првите 100 денови со Судскиот совет и Советот на јавни обвинители интензивно работевме на подготовка на методологија по која следната година ќе се филтрира судството и обвинителството. Ова според нас е најдобриот начин, како фелата сама да си ги прочисти своите редови, истакна министерот за правда.

Сите оние судии или обвинители, како што рече Маричиќ, кои незаконски постапиле, направиле прекршувања во постапките, намерно ги одложувале или нестручно постапиле ќе бидат исфилтрирани од правосудниот систем.  Посебен фокус, како што додаде, ќе биде ставен на случаите на висока корупција и организиран криминал.