Македонци, Турци и Роми и годинава во духот на соживотот заеднички ќе го слават Божик – ММС
ММС

Објавено на: 12/27/20 8:21 PM

Македонци, Турци и Роми и годинава во духот на соживотот заеднички ќе го слават Божик

Божик и годинава заеднички ке го слават Македонците, Ромите и Турците кои живеат во пехчевското село Црник. Соживотот помеѓу трите заедници, одамна е карактеристичен знак за селото и затоа како што самите жители велат, ако дозволи „короната” и годинава повторно ќе се соберат заедно за празниците кои претстојат.

-Се собираме овде на центарот на селото. Соживотот во Црник откако знам за себе, знам дека сите сме живееле сложно. Се е во духот на заедништвото, немаме никакви проблеми. Сега иде Божик, ако дозволи „короната” секако дека ќе одиме кај пријатели, вели Веби Џебиров, помлад жител на Црник.

Село Црник во моментот брои 1000 жители и како што додава постариот жител на селото Дурак Алиов, секој во селото го почитува секого.

-Ние броиме околу 200 куќи со 1000 жители. живееме три националности, православни, турци и роми. Меѓуетничките односи се добри. Ако правиме некоја веселба сите заеднички седиме, јадеме, пиеме. Добро се живее, на празници како што знаете го славиме Бајрам, доаѓаат тие, за Божик и Велигден ние одиме ние кај нив и се живее сложно, додава Алиов.

Во духот на заедништвото во селото, жителите имаат изградено и црква и џамија, каде секој во духот на своите верувања ги посетува овие храмови. Пандемијата годинава не ги разделила од вообичаената дружба, но како што додадода, се дружат почитувајки ги протоколите за заштита од вирусот.

-Реално пак се дружиме, но короната си го направи своето, иако како малку да е пренагласена целата ситуација со вирусот. Но, сепак што е тука е, Мора да се почитуваат мерките, додава Џебиров.

Тие на неколку дена пред Нова година посакаа подобра година од претходната и изразија надеж дека заедништвото и слогата кое ги краси низ текот на годините ќе продолжи и во новата 2021 година.

Валери Спасевски