Имаме партизирани институции, фелата ретко се консултира, често се менуваат министри, како и сега, кога СДСМ е четири години на власт, а веќе има трет минситер за култура, па затоа и имаме, во суштина, голем проблем затоа што нема суштински реформи во образованието, рече во денешниот „Стадион“ на „Канал 77“ поранешниот заменик-министер за образование, Петар Атанасов.
„Јавноста и стручната фела не ја прифаќаат последната идеја во целост. Значи, идејата има многу слабости. Јавноста со право реагира на ставањето настрана на предметот историја во еден важен момент за државата, кога се бориме за сопствениот идентитет, за нашата промоција неѓу европските нации“, истакна Атанасов.