Верувам дека тие што ја правеле концепцијата за реформа во образованието имале најдобра намера, но немале чувство за потребите на народот и за моментот во кој тоа се прави, рече во днешниот „Стадион“ на „Канал 77“ професорката Весна Јаневска, претседателка на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во моментите на наше оспорување, да не постои посебен предмет историја, е проблематично. Ако огромен дел од луѓето, вклучувајќи и релевантни институции, меѓу кои и МАНУ, Институтот за национална историја, го кажуваат тоа, власта треба да ретерира. Гледам дека во последните денови има благо ретерирање, што ме радува“, истакна Јаневска.