Србија успешно го заврши пробното тестирање на гасоводот „Турски тек“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/26/20 9:33 AM

Србија успешно го заврши пробното тестирање на гасоводот „Турски тек“

Србија вчера одржа пробно тестирање на проектот на гасоводот „Турски тек“, што ја поврзува Русија со Европа, јавува агенцијата Анадолија (АА).

„Неговото официјално пуштање во употреба ќе се одржи на 30 декември“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Тестирањето беше успешно. Ние не му дадовме голем публицитет, но сè ќе започне на 30 декември, како што ветив. По тој повод ќе биде организирана мала церемонија, бидејќи тоа е голема работа за нашата земја“, изјави Вучиќ пред новинарите.

„Овој дел од гасоводот ја поврзува Бугарија со Унгарија“, рече тој.

„Да се ​​обидеме да донесеме гас до Врање на југот на земјата и во Ваљево, во централниот и западниот дел, како и да стигнеме до места на истокот и југозападот на Србија. Сакаме да донесеме гас за да можеме да градиме нови фабрики и да имаме нови инвеститори, а исто така и да ги снабдуваме со гас домаќинствата“, рече Вучиќ.

„Турски тек“ ќе пренесува руски гас под Црното Море преку Бугарија, Србија и Унгарија, а другиот крак оди кон Турција.

Проектот е офшор гасовод со најголем дијаметар во светот поставен на толкави длабочини.