Со зајакнетите полициски контроли запленети се над 147.000 пиротехнички средства – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/20 8:47 PM

Со зајакнетите полициски контроли запленети се над 147.000 пиротехнички средства

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во изминатиов период презело зајакнати репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства, но и неовластената трговија со нив, при што запленети се над 147.000 пиротехнички средства.

За неовластена употреба на пиротехнички средства, посочуваат од МВР, предвидена е глоба во износ од 200 до 500 евра, согласно член 31 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, додека според член 396 од Кривичниот законик за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, следува казна затвор од три до десет години.