Од празничното прејадување може да добиете болки во желудникот: Справете се со нив со сода бикарбона! – ММС
ММС

Објавено на: 12/25/20 8:07 PM

Од празничното прејадување може да добиете болки во желудникот: Справете се со нив со сода бикарбона!

Прејадувањето кое станува актуелно со божиќните празници предизвикува здригање, но и други потешкотии со желудникот. Таквите проблеми според лекарите, може да се решат со обична сода бикарбона, која последниве години се враќа во „мода“ и се побројни се студиите кои зборуваат за придобивките од неа по човековото здравје.

Содата бикарбона е добар природен лек кој помага да се неутрализираат киселини кои ги чувствуваме кога имаме проблеми со желудникот како мачнини, ждригање или надуеност.  Ваквите проблеми може да се создадат поради стрес, конзумирање брза храна или пак, земање одредени лекови.

Содата бикарбона придонесува да се разложат масните материи, а со тоа и храната полесно да се свари без да чувствуваме притисок  и абдоминална болка. Доволно е да додадете половина лажичка сода бикарбона во половина чаша топла вода, измешајте, почекајте да се раствори и напијте се.

Како уште поефикасна мерка се препорачува да додадете лажица јаболков оцет.

 

Извор:      vecernji.hr