Во Делчево отворена е изложба на познати дела од светски карикатуристи, кои годинава беа дел од фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница Веритас”. Активноста, како што информираше Методи Толевски, директор на Центарот за култура „Н.Ј.Вапцаров” од Делчево, се реализира во соработка со Домот за култура „Тошо Арсов” од Виница.
-Од денес, па во наредните 10 дена најдобрите дела на афирмирани светски карикатуристи ќе бидат изложени во фоајето на Спомен дом АСНОМ. На отворањето на Ликовната изложба ги повикавме малите уметници од Ликовното атеље „Белогаски” кои се надевам ќе најдат инспирација од овие дела, истакна Толевски.
На изложбениот салон како што додаде Благица Стојановска, стручен соработник за визуелни уметности при Домот на култура во Виноца, пооставени најдобрите 48 карикатури кои учествуваа на конкурсот насловен „На работ од бездната 2020″.
-Годинава на овој фестивал учествуваа врвни карикатуристи. Од вкупно 545 карикатури ги селектиравме најдобрите и тие заедно со најдобрите три карикатури ги ставаме на располагање на љубителите на уметноста кои ќе можат да ги погледнат во рамки на оваа изложба, рече Стојановска.
-Годинава фестивалите беше еден од најквалитетните во однос на пристигнатите карикатури. Имаше карикатури од сите делови на светот. Задоволен сум од идејата и решението на темата, мислам дека вистинските карикатури ги добија наградите и сум среќен што и делчевчани ќе можат да ги видат овие прекрасни дела, рече Ѓорѓијоски.
Изложбата „На работ на бездната 2020″, како што додадоа од делчевскиот Центар за култура ќе биде отворена до 5 јануари 201 година, секој ден од 10 до 15 часот.
Валери Спасевски