Дваесет и седумгодишниот нов градоначалник на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, кој неодамна победи на локалните избори, синоќа објави дека веднаш по стапувањето на функција, наредил да му бидат вратени сите клучеви на повеќе од 50 општински службени автомобили во неговата канцеларија, пренесува „Мондо“.
“Никој нема право да користи службени автомобили за приватни цели како порано. Повеќе од 70 отсто од службените автомобили со години не биле на паркингот пред градската администрација по работното време Тие ќе можат да се користат само со нов правилник за нивна употреба“, напиша градоначалникот
Тој наведува дека меѓу службените возила има и такви кои чинеле повеќе од 50.000 евра.
„Нив ќе ги продадеме, бидејќи за граѓаните на Бања Лука постојат други приоритети. На расипничкото однесување и трошењето на народни пари ќе ставиме крај, а ова е само прв чекор во таа насока“, додава тој.