Македонка во Британија покрена акција за собирање пари за храна за заглавените камионџии кај Довер – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/20 9:57 PM

Македонка во Британија покрена акција за собирање пари за храна за заглавените камионџии кај Довер

Со намера да собере средства за храна и вода за возачите на камиони од Македонија, кои веќе четврти ден чекаат во долгите редици со околу 7000 камиони, Валентина Мишковска – Петровиќ започна со собирна акција. До сега се собрани над 1500 долари. Во повикот за собирната акција се вели дека во соработка со полицијата на Кент, наши иселеници во Велка Британија сакаат да извршат дотур на храна и вода за 45 камионџии, кои се  наоѓаат во близината на аеродромот.
-Апелот е мошне итен буквално се останати без леб и вода. Секој ваш прилог многу ќе им значи што побргу да ги снабдиме со најосновни потреби. Ќе ја чекаат Новата 2021 заглавени на пат, но барем НЕ гладни и жедни, пишува во повикот.
Огромните колони на камиони се создадоа откако земјите ги затворија границите за сите што излегуваат од Велика Британија, а здравствените власти соопштија за појавата на мутираниот сој на корона вирусот. Поради тоа, Франција најави прoуштање на границите само со негативен ПЦР тест, што целосно го парализира протокот на патници и возила.
Според последните информации, возилата почнаа да ги поминуваат контролните пунктови преку Ла Манш кон француското пристаниште Кале, откако Франција делумно ги отвори своите граници.
Како што јави „Гардијан“,  во организирањето на редиците се вклучија и стотина војници, а ним им се приклучија и француските пожарникари Сепак, преминувањето оди бавно поради недостаток на тестови и бавното снабдување. Британската Владата соопшти дека повеќе од 2.000 тестови биле направени до денеска напладне, но пристаништето во Довер соопшти дека само 700 камиони успеале да го започнат преминот.
Бугарија уште вчера почна да организира летови од Британија за заглавените бугарски државјани.