Започна филтрацијата во судството, најави министерот Маричиќ – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/20 8:45 PM

Започна филтрацијата во судството, најави министерот Маричиќ

Министерот за правда Бојан Маричиќ преку објава на својот фесјбук-профил ја поздраваи одлуката на Судскиот совет за разрешување судија поради нестручно инесовесно вршење судска функција.
– Филтрацијата во судството започна. Ја поздравувам последната одлука на Судскиот совет за разрешување судии кои ја попречувале правдата. Само на овој начин ќе се врати довербата во системот. На нашите граѓани им ветивме правда и правда ќе има, напиша Маричиќ.