Во Уганда 1,3 милиони бегалци се соочуваат со криза за храна – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/20 8:17 PM

Во Уганда 1,3 милиони бегалци се соочуваат со криза за храна

Обединетите нации (ОН) предупредија дека околу 1,3 милиони бегалци може да се соочат со криза за храна во африканската држава Уганда, поради негативното влијание на новиот вид коронавирус (Ковид-19) врз економијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Директорот на Светската програма за храна на ОН за Уганда, Ел Кидир Далум, нагласи дека од кризата со храна особено се погодени жените и децата.

„Поради намалувањето на помошта, 1,26 милиони бегалци во Уганда се соочуваат со криза за храна“, рече Далум.

Нагласувајќи дека милиони бегалци од соседните земји како Бурунди и Јужен Судан се засолниле во Уганда, Далум рече: „Ковид-19 не треба да биде изговор за светот да им сврти грб на бегалците во ова страшно време.“

Источноафриканската земја Уганда е позната како земја што прифаќа најмногу бегалци на африканскиот континент.