Заев:Се работи на пролонгирање на рокот 25-ти декември за да се искористи помошта од 6000 денари – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/20 12:26 PM

Заев:Се работи на пролонгирање на рокот 25-ти декември за да се искористи помошта од 6000 денари

За најзагрозените е наменета државната помош од 6000 денари, за кои државните инсититуции денеска прават напори да се пролонгира рокот 25 декември за нејзино искористување. Ова го соопшти премиерот Зоран заев, кој упати апел до граѓаните овие средства да ги користат за купување македонски производи, со цел заживување на домашната економија.

-Апелирам до институциите пред се’ до Центрите за социјална работа за навремено ажуирање и прифаќање на жалбите на самохраните родители, заради тоа што државата располага со слаба евиденција на самохраните родители. И апелирам на пошироко толкување за самохран родител за да можат да бидат опфатени сите категории. Во буџетот има доволно пари за да се помогнат сите со 6000 денари. Апелирам максимално до сите институции, а веројатно и денеска работат на пролонгирање на рокот 25-ти, за да може овие пари да се искористат, изјави Заев.

Премиерот по празницигте најави процес на консултации со синдикатитие и сите надлежни за петиот пакет на мерки. Една милијарда и 150 милиони евра се поделени во досегашните четири пакети мерки. Заев очекува во првата половина од 2021 година да се почувствуваат ефектите. Рече дека државниот буџет е стабилен и очекува комплетно заживување на економијата.

– По празниците следува процес за консултација со синдикатите, коморите, другите социјални партнери, за навистина највнимателно да ги таргетираме најпогодените. Смислата е токму тоа, да им се помогне ним. Државата има проектирано средства за оваа намена и за буџетот за 2021 година. Сите ресори имаат свои резервоари за помагање на оние на кои им е најнеопходна помош. Конечната порака што сакам да ја испратам до граѓаните е дека државата преку Владата и Парламентот е тука за да им се најде на сите кои се погодени и да им биде од помош, рече Заев.

Во однос на реформите  во образованието, премиерот Заев кажа дека во тек се консулатиции со МАНУ, универзитетите, учителите, специјанизираните здруженија.

-Сите знаеме дека мора да го реформираме основното образование. На седницата на владата во вторникот, тоа беше заклучокот – консултација со сите, внимателно и педантно посветување на секоја од предложените измени, изјави Заев, кој паралелно со реформите најави реконструкција во училиштата преку обезбедени 21 милион евра во вид на заем и грант од Светска банка.