Време: Денес сончево, до +15, од утре попладне врнежи и постудено – ММС
ММС

Објавено на: 12/24/20 7:02 AM

Време: Денес сончево, до +15, од утре попладне врнежи и постудено

Сончево со мала до умерена облачност, по котлините претпладне со магла или значителна ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура денеска до 15 степени.

Според УХМР, од утре попладне до недела, под влијание на влажен бран, ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините со снег. Поради продор на студена воздушна маса од север, в сабота кон крајот на денот висинската граница на снежните врнежи ќе се спушти и под 1.000м, па особено во западните и северните делови од земјава ќе има снег на повисоките населени места, некаде ќе провејува и на пониските.