Биковиќ го прележа коронавирусот, па откри како се чувствува: Исцрпен сум и физички и психички – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/20 11:01 PM

Биковиќ го прележа коронавирусот, па откри како се чувствува: Исцрпен сум и физички и психички

Еден од најпознатите актери во регионот, Милош Биковиќ не крие дека му годи што е избран за најпопуларен актер во Русија, а истакнува дека откако го прележал коронавирусот чувствува умор. Милош е прилично скромен во однос на титулата „најпопуларен актер“, а истакнува дека е горд што на квалитетен начин ја претставува Србија во Русија.

„Популарноста не значи секогаш квалитет, но значи дека постои некој контакт меѓу актерот и публиката и популарноста би требало да биде показател за квалитетот, но не секогаш е така. Секако ми годи што руската публика мене најмногу ме пребарувала на интернет во Русија и тоа е показател дека е воспоставен контакт. Тоа не може да се лобира или да се намести“, изјави актерот.

„Се подразбира дека сум горд што ја претставувам Србија во Русија на квалитетен начин, но не би сакал да правам некои флоскули од тоа сега“, додаде актерот за Блиц.

Биковиќ неодамна за порталот Телеграф потврди дека ја прележал короната и дека имал полесни симптоми, а сега откри дека чувствува умор.

„Исцрпен сум физички и психички, но се трудам на некој начин да го компензирам тоа до своја страна. Бргу се заморувам, но се надевам дека бргу ќе се вратам во кондиција и дека тоа нема да се одрази на мојот актерски израз“, изјави Милош.

 

Фото:  Facebook / Miloš Biković

Извор:  telegraf.rs