Тетовската полиција и неделава успеа да открие нелегална продажба на пиротехника и петарди, запленувајќи по неколку илјади парчиња. Минатата седмица беа запленети над 41 илјади вакви материјали. Две лица се приведени попладнево кај кои се најдени над 2000 пиротехнички средства.
-Околу 16:20 часот на градскиот плоштад во Тетово полициски службеници од СВР Тетово ги привеле Љ.А. (23) од тетовско Селце, кај кого се пронајдени 1759 парчиња пиротехника, и С.А. (31) од Тетово, од кој биле одземени 314 парчиња пиротехника. По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Минатата седмица беа запленети над 41 илјади вакви материјали.