Бидејќи во летните денови сите се обидуваме да ја зачуваме добрата линија и да бидеме во топ форма, ви подготвивме листа на 5 овошја со чија помош ќе имате совршена летна фигура!
Овошјето е богато со хранливи материи, а покрај тоа е и нискокалорично, изобилува со растителни влакна и е совршен избор за сите оние кои се обидуваат да се ослободат од вишокот на килограми.
Малини
Ова мало слатко овошје е богато со растителни влакна, го забрзува метаболизмот и ги согорува мастите, додека влакната кои ги содржи го забавуваат процесот на варење на храната и на тој начин ви даваат долго време чувсто на ситост. Една чаша малини има околу 8 грама растителни влакна ( повеќе од 25% од дневните потреби), а само 64 калории. Покрај тоа, богати се со витамин Ц, манган и витамин К.
Круши
Крушите се сметаат за природно лаксативно средство. Бидејќи се богати со растителни влакна како и одредени шеќери кои имаат лаксативен ефект. Една круша со средна големина содржи 6 грама влакна, а само 100 калории. Влакната од крушите дејствуваат како сунѓер кој го „впива“ холестеролот и го „исфрла“ од организмот. Покрај тоа богати се и со витамин Ц.
Капини
Капините изобилуваат со антиоксиданси, како што се катехинините, што им овозможува да ги активираат гените кои учествуваат во согорувањето на масните наслаги, особено оние околу половината. Исто така, исклучително се богати со полифеноли, растителни соеднинија кои го спречуваат формирањето на масните наслаги. Една чаша капини содржи 8 г растителни влакна и повеќе од ¼ од дневните потреби за витамин Ц и витамин К. Витаминот К е важен за здравјето на коските и го потпомага процесот на коагулирање на крвта.
Портокал
Еден портокал содржи повеќе од 90% од препорачаните дневни дози за витамин Ц. Овој витамин помага да се елиминираат штетните супстанции од телото, делува како антиоскиданс и учествува во многу метаболитички процеси. Повеќе од 87% од портокалот е всушност вода, што го прави ова овошје одлично за хидратација во летните денови. Покрај тоа портокалот е богат и со калиум, кој преку потењете се губи од телото.
Маракуја
Во само ¼ чаша од ова мало егзотично овошје со содржат преку 6 г растителни влакна, а многу малку калории. Исто така содржи и големи количини на витамин А и витамини од Б групата кои го помагаат процесот на искористување на енергијата од храната која ја консумираме.
Преземено од:sezahrana