Во градот Тархунa во Либија пронајдени уште две масовни гробници – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/20 6:47 PM

Во градот Тархунa во Либија пронајдени уште две масовни гробници

Во градот Тархунa, кој е ослободен од милицијата на Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот на земјата, пронајдени се две нови масовни гробници, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Абдулазиз Џафери, одговорен за односи со медиумите на Агенцијата за пребарување и откривање, поврзана со либиската Влада, за локалните медиуми изјави дека се откриени уште две нови масовни гробници во руралното подрачје Рабат во Тархуна.

Не давајќи детални информации за регионот каде што се наоѓаат гробниците, Џафери рече дека под надзор на екипите на судска медицина продолжуваат истражувањата во регионот.

Како дел од операцијата „Бура на мирот“, започната на 25 март, либиската Армија на 3 јуни ја презеде контролата над сите административни граници на главниот град Триполи, а градот Тархуна го ослободи на 5 јуни.

Во соопштението на Меѓународниот кривичен суд (UCM), дадено на 22 јуни, се нагласува дека од Главното обвинителство на Меѓународниот кривичен суд (UCM) стигнале веродостојни информации за масовните гробници.

Припадниците на милицијата „Канијат“, која го поддржува Хафтар, се товарат за вонсудски егзекуции на неистомислениците и на цивилното население за време на контролата над Тархуна.