Во нигериската федерална држава Сокото се случи сообраќајна несреќа во која животот го загубија 17 лица, известува агенција Анадолија (АА).
Соломон Агуре, координаторот на Националната агенција за безбедност на патиштата во државата Кано, во изјавата за медиумите информираше дека на автопатот на релацијата Абуџа – Локоџа, во државата Коги, се судриле патнички автобус и автомобил. Агуре соопшти дека во несреќата животот го загубиле 17 лица, а има и голем број повредени. Тој изрази загриженост поради можноста за зголемување на бројката на загинати, бидејќи меѓу повредените, што се наоѓаат на болничко лекување, има лица што се во критична состојба.
Агуре истакна дека е можно сообраќајната несреќа да е предизвикана од прекумерна брзина, упатувајќи предупредување до возачите да бидат повнимателни.