Уставниот суд на БиХ одлучи дека ограничувањето на движењето и носењето маски е кршење на човековите права – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/20 9:47 AM

Уставниот суд на БиХ одлучи дека ограничувањето на движењето и носењето маски е кршење на човековите права

Уставниот суд на Босна и Херцеговина вчера, на седница одржана по електонски пат, донесе одлука дека мерките ограничено движење и носење маски за време на пандемија на коронавирус претставуваат кршење на основните човекови права.

Одлуките на кризниот штаб на Федерација БиХ за забрана за движење и задолжително носење заштитни маски се „мешање во основните човекови права и слободи загарантирани со Уставот на БиХ и Европската конвенција за заштита на човековите права“, оценува Судот.

Се наведува и дека одлуката на Кризниот штаб на Министерството за здравство на ФБиХ претставува кршење на овие човекови права, имајќи предвид дека немало активно учество во усвојувањето и прегледувањето на нарачаните мерки од највисоките законодавни и извршни органи.