Тројца полицајци се убиени, а еден е ранет утрово откако излегле на терен по повик да спасат жена од семејно насилство, јавуваат агенциите (фото-АП,Танјуг).
Полицајците се застрелани во инцидент во централна Франција. Според агенцијата АФП, сторителот е 48-годишен маж.
Жената била спасена и безбедна и се наоѓала на покривот на куќата, а засега не е познато дали е уапсен убиецот на полицајците. Акцијата на полицијата била во тек.