За Германија, барањето за ембарго за оружје врз Турција не e праведно – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/20 8:53 PM

За Германија, барањето за ембарго за оружје врз Турција не e праведно

Германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас, истакна дека барањето на Грција за санкции врз Турција поради случувањата во Источниот Медитеран не е праведно, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Мас во изјавата за Германската новинска агенција (ДПА) рече:

„Барањето за ембарго за оружје кон Турција стратешки не е праведно. И не е лесно да се воведе тоа за еден партнер во НАТО. Партнерот во НАТО, Турција, немаше можност да купи ракети од САД, затоа видовме дека многу лесно купи од Русија.“

Германскиот министер, исто така, изјави дека сè уште не изгубил надеж дека конфликтот во Источниот Медитеран ќе се реши преку дипломатски канали.

„Се разбира, ние продолжуваме да веруваме дека конфликтот има решение и дека партнерот во НАТО не мора трајно да се отстрани од соработката со вооружување“, нагласи Хеио Мас.