Филмот на кој се навраќаме секој Божиќ: Интересни факти за „Сам дома“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/20 5:03 PM

Филмот на кој се навраќаме секој Божиќ: Интересни факти за „Сам дома“

Твитерџиите изминaтиот период знае да се пошегуваат со фотографија од Меколи Калкин од филмот „Сам дома“ каде тој вели „Оваа година нема да бидам сам“, алудирајќи на моменталната состојба со пандемијата, каде препроаките се сите да останеме дома во кругот на најблиското семејство.

Сезоната на празници е незамислива без филмот „Сам дом: Изгубен во Њујорк“. Еве неколку  н интересни детали за филмот кој деновиве повторно се „врти“ на ТВ-станиците, а кој можеби не сте ги знаеле.

Доналд Трамп
Тој се појавува во една сцена од филмот „Сам дома: Изгубен во Њујорк“. Имено, Кевин од него бара инструкции во холот на хотелот Плаза, каде што се наоѓа. Истиот тој хотел беше во сопственост на Трамп од 1988 до 1995 година.

Еден од најуспешните филмови на годината
Филмот беше објавен во 1992 година, а според страницата „Бил офис Мохо“, тој бил втор најуспешен таа година и заработил над 173 милиони долари, пренесува РТЛ.

Видео игри
Неколку видео игри беа направени во 1992 година на Mega Drive и Gameboy, како и неколку игри на табла инспирирани од филмот. Интересно е, тие сè уште можат да се купат на eBay.

Пепси и Кока-Кола
Во првиот филм, Киран Калкин, братот на Меколи Калкин, го игра детето Фулер, кое опсесивно пие Пепси. Сепак, во продолжението на филмот, Фулер ја напушта Пепси и преминува на Кока-Кола.

Реквизитот стана гаџет
Толкбој, касетофонот што го носеше Кевин со себе низ Њујорк, беше само реквизит што не работеше. Но, бидејќи стана многу популарен и баран, Тајгер електроник реши да направи верзија која ќе работи. И реквизитот што беше користен во филмот сè уште е во сопственост на Меколи Калкин.

Објавена е и книга
Објавена е една од ретките книги засновани на филмско сценарио според овој филм. Напишана е од Тод Штрасер и објавена од издавачката куќа Scholastic.

Вистинскиот телефонски број во филмот Кевин, како што веќе споменавме, престојуваше во хотелот Плаза, а во една сцена се споменува телефонскиот број. Тој број навистина беше број на прием и многумина се уверија во 1992 година. Трамп го искористи ова и понуди семејни пакети „Сам дома 2“ за 1100 долари, а семејствата можеа да останат во собата 411, онаа во кој престојуваше Кевин од филмот.

Гулаби
Стотици гулаби беа обучувани три месеци да снимаат сцена во која го напаѓаат Даниел Штерн.

Замрзнати камери
Неколку камери замрзнаа за време на снимањето, бидејќи беше многу студено. Имено, за време на снимањето се случи снежна бура, па снегот во филмот е вистински. Се разбира, вештачки се користи и во некои сцени.