Словачка и Чешка: Одредени ентитети шират неточни информации дека влијаеле на нашите одлуки за вето на заклучоците на ЕУ – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/20 3:34 PM

Словачка и Чешка: Одредени ентитети шират неточни информации дека влијаеле на нашите одлуки за вето на заклучоците на ЕУ

Амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш и заменик-амбасадорот на Чешка, Лубомир Пшенка, во заедничка изјава велат дека не постои ентитет од Северна Македонија што влијаел на одлуките на Братислава и Прага да ги блокираат предлог-заклучоците на Советот на ЕУ за проширувањето.

– За жал, одредени ентитети од Северна Македонија почнаа да шират неточни информации дека влијаеле на донесувањето на одлуките на Прага и Братислава поврзани со процесите во самата ЕУ. Ниту чешката, ниту словачката дипломатија се свесни за постоење лоби-напори од некои ентитети кои можеле да влијаат на процесот на донесување одлуки во Прага и во Братислава, велат во изјавата словачкиот амбасадор и заменик амбасадорот на Чешка.

Во продолжение на изјавата, како што пренесува 360 степени, се наведува дека Чешката Република и Словачка „по минатонеделниот ангажман во изготвувањето на заклучоците на Советот во однос на проширувањето, јасно ги соопштија околностите кои ги спречија да се согласат со предлог-заклучоците на Советот. Тоа беше сторено преку заедничка изјава на министрите за надворешни работи на Чешка и на Словачка”.

– За жал, одредени ентитети од Северна Македонија почнаа да шират неточни информации дека влијаеле на донесувањето на одлуките на Прага и на Братислава поврзани со процесите во самата ЕУ, се додава во изјавата.

Двајцата дипломатски претставници посочуваат дека ниту чешката ниту словачката дипломатија „не се свесни за постоење лоби-напори од некои ентитети кои би можеле да влијаат на процесот на донесување одлука во Прага и во Братислава”.

– Ако постоеле такви напори, таквите активности не стигнале до релевантните актери, односно до лицата што носат одлуки во Чешка и во Словачка. Одлуките на министрите Петричек и Корчок беа донесени без какво било влијание од ентитет од Северна Македонија, се наведува во заедничката изјава на амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш и заменик-амбасадорот на Чешка, Лубомир Пшенка.

 

 

Фото:

kajgana.com