Мoнгу пати досега беше констатирана лабораториски мутација на вирусот, и кај нас во нашите анлизи кои ги правеше лабораторијата на МАНУ има констатирано некои мали мутации, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
„Ова е мутација за која објавија и другите и која што е откриена во Велика Британија е мутација во повеќе делови на структурата на вирусот посебно во делот каде што се врзува со клетката домаќин. Засега сознанијата што ги имаме е дека нема никаква улога во однос на ефикасноста на вакцината. Можеби има и дополнителни испитувања што се прават, бидејќи има мутација во повеќе делови од структурата на вирусот, има и шпекулација повеќе ја зголемува трансмисијата, а во смисла на тоа послино се врзува за клетката домаќин и во тој дел е мутацијата“, изјави министерот.
Филипче вели дека и ние како државаме сме внимателни, со што ги прекинавме летовите од Велика Британија, и вели се уште е рано за некаква констатација, од тоа дали треба или не треба дополнителна форма на вакцина.
Г.Д