Лидерот на Алијанса, Села хоспитализиран на Клиниката за кардиологија – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/20 2:34 PM

Лидерот на Алијанса, Села хоспитализиран на Клиниката за кардиологија

Поради болки во градите, лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, од синоќа е хоспитализиран на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје.

Тој бил прво примен во охридската болница, но подоцна префрлен на Клиниката за кардиологија во Скопје. Од партијата велат дека состојбата на Села е стабилна и дека се уште е во болница, за што на ФБ информира и партискиот портпарол Флакрон Беџети.

„ Во текот на вчерашниот ден, претседателот на нашата партија, г-дин Зиадин Села, имаше болки во градите што беа причина да биде примен во Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје. По прегледите, се востановило дека е во добра здравствена состојба и во стабилна состојба. Претседателот Села ќе се врати дома во текот на денешниот ден или утре и ќе продолжи со редовните секојдневни активности – напиша Беџети на Фејсбук.

фото-мета