Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 664 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство.
Во болницата во Битола е хоспитализиран 54 пациент позитивен и суспектен на Кoвид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 29 болни, а во Куманово 88 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 70 пациенти, во Прилеп 82 во ковид – центарот во Гостивар 45, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 15 во Кичево 20, Кавадарци 39, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар пет позитивни и суспектни на коронавирусот.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1145 и има околу 290 празни болнички кревети во ковид – центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението.