Претседателот на турскиот Парламент горд на своите корени од Гевгелија – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/20 10:45 AM

Претседателот на турскиот Парламент горд на своите корени од Гевгелија

На средбата со уредниците на македонските медиуми, претпладнето во Скопје, претседателот на Големото турско народно собрание, Мустафа Шентоп, потврди дека неговото семеjство потекнува од гевгелискиот регион, факт што постојано го истакнува. Тоа дополнително, го зголемува интересот за економска поврзаност на Турција со Македонија.

-Секогаш со гордост кажувам дека моето семејство, моите корени потекнуваат од Гевгелија. Долги години имаше најави и се разговараше  околу формирање на слободна економска зона. Гевгелија не е избрана бидејќи е родниот крај на моите претци, туку како геостратешка точка се наоѓа на многу значајно место, која се наоѓа на рутата од Турција кон Европа, ние која поминуваат значајни коридори и е пристапно место, како за патен, така за железнички сообраќај. Вчера за ова разговаравме со премиерот Зоран Заев и наскоро ќе имаме конкретни чекори и резултати, кажа Шентоп.

Тој изрази очекување дека ќе се интензивираат  врските и контаките на турските бизнисмени со Македонија.

Делегација на Големото турско народно собрание на Турција од вчера е во дводневна работна посета.