Празничната магија во Њујорк и официјално почна: Неверојатната елка ги воодушеви граѓаните – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/20 11:58 PM

Празничната магија во Њујорк и официјално почна: Неверојатната елка ги воодушеви граѓаните

Елката која секоја година се поставува во Рокфелер центарот во Њујорк е традиција која е почната уште во 1933. година.

Тоа е атракција која дневно ја посетуваат и до 7 илјади луѓе, за да ги видат милионите лампиони кои секоја година предизвикуваат се’ поголемо воодушевување.

Ова случување стана толку популарно што дури и палењето на сијаличките на елката се емитува во живо на телевизиските канали, а често е дел и од празничните филмови снимени во овој град. Сите љубители на класиката од филм „Сам дома“ бргу би можеле да препознаат за која елка станува збор.

Во близина на елката се отвораат и лизгалишта околу кои има мноштво декоративни елементи, за да може празничната магија да биде целосна.

Новогодишната елка официјално беше осветлена вчера, а фотографиите и видеата за кратко време станаа популарни на социјалните мрежи. Локалната самоуправа се погрижи фотографирањето пред елката да биде прилагодено на актуелните мерки за заштита од корона.

 

Фото:  Instagram/Rockefeller Center

Извор:  stil.kurir.rs