(Видео) Божиќна ѕвезда на небото прв пат по 800 години – Бакнежот меѓу Јупитер и Сатурн – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/20 10:13 PM

(Видео) Божиќна ѕвезда на небото прв пат по 800 години – Бакнежот меѓу Јупитер и Сатурн

Феноменот што многу астролози го најавија се случи! Станува збор за спој на двете најголеми планети на Сончевиот систем – Јупитер и Сатурн, кои се на растојание од само 0,1 степен и личат на сјајна ѕвезда, а за земјите од Балканот точниот момент на спој на двете планети се случил во 19:22 часот.

Спојот на овие две планети на нула степен на воздушниот знак сега се случи за прв пат по 800 години! Феноменот е познат и како „Божиќна ѕвезда“.

Последната ваква голема врска на двете најголеми планети на Сончевиот систем се случи во 1623 година, поточно на 17 јули 1623 година, додека обете планети беа во со соѕвездието Рак. Потоа можеа да се видат во истото видно поле на телескопот Галилео. Планетите беа видливи ниско на небото по зајдисонцето, па сончевата светлина веројатно делумно го попречуваше набљудувањето. Слично е и оваа година.

Се случиле и ќе се случат големите коњукции на Јупитер и Сатурн кога растојанието на небесната сфера беше помало од 0,2 степени во 1623, 1683, 2020, 2080, 2417 и 2477 година.

 

https://twitter.com/Leonidas_True/status/1341069630425731081