Раперот Тајзи денес го слави 33тиот роденден. Во ова време-невреме, кога музиката ги доживутва своите најтажни момен ти тој реши за роденденот да отвори душа, да раскаже за својот живот, но и да го најави новиот албум.
-Роден сум на 21.12 и денес полнам 33 години. Во 2021-ва година ми е јубилеј,10 години активна музичка кариера, па би сакал да споделам нешто. На 18 години имав страшна операција и бев на работ да го изгубам мојот живот. Во тие моменти се молев на Бога да не им го прави тоа на моите родители и да ми даде уште една шанса.После таа операција ништо не беше исто,а јас почнав да пеам и да пишувам… Незнам уште колку ќе сум тука, но додека моето срце чука ќе трае мојата борба за подобро утре, а после тоа ќе останат моите текстови. Должен сум да ја кажам вистината. Тоа е мојата мисија, вели Тајзи и додава:
-Спремам албум во кој ќе чуете се што сакам да кажам. Се надевам иако поминуваме низ многу тежок период за сите нас, дека ќе успеам да го реализирам во 2021 година, вели меѓу другото раперот.
Но, освен лично, тој испрати и една порака до Македониоја и се заблагодари на сите за честитките, за кои вели дека го расплакале.
“Твое е да ги натераш повторно да поверуваат во мене,во љубовта и во вистината а јас ќе ти дадам светлост да го освлетиш и најтемното ќоше”. Македонија раѓала многу синови пејачи, уметници, спортисти и големи луѓе и ќе раѓа… Такво е нашето семе, што повеќе го газиш надоле накај земјата р’ти и расне уште повисоко накај небото. МК… Ние не знаеме да мразиме зошто сме правени со љубов а не од интерес. Ви благодарам за сите пораки и убави зборови ми ја расплакавте душата… Бог да ја благослови мојата земја и мојот народ, вели Тајзи.