Одобрена е вакцината на Фајзер во земјите од ЕУ – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/20 3:34 PM

Одобрена е вакцината на Фајзер во земјите од ЕУ

Европската агенција за лекови (ЕМА), односно нејзината Комисија за хумани лекови, денес ја одобри првата вакцина против Ковид-19 во Европската унија. Станува збор за вакцина произведена од американската компанија Фајзер и германскиот БиоНТек.

„Ние ја завршивме работата за само 11 недели. Инаку, за тоа ни треба една година “, објавија тие денес на прес-конференција од Научниот комитет на ЕМА.

Како што беше претходно најавено, вакцинацијата ќе започне во земјите-членки на ЕУ на 27, 28 и 29 декември.

Преземено од: https://nova.rs/