Дојран почна со реставрација на „Саат кулата“ и Турската бања за повеќе гости – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/20 2:34 PM

Дојран почна со реставрација на „Саат кулата“ и Турската бања за повеќе гости

Со реставрацијата на сат кулата и турската бања ја зголемуваме туристичката понуда. Вака вели градоначалникот на Дојран, Анго Ангов откако деновиве во ова општина , тврди почнаа изведбените работи кои треба да бидат готови до август идната година.

Станува збор за два значајни кутлурно историски споменици кои биле уништени за време на првата светска војна и заради нивната запуштеност не беа мета на посетителите. Во моментов се работи на уредување на постоечките патеки кои ке бидат поплочени со камен а во соработка со Заводот и музеј Струмица ќе се пристапи на подигање на саат кулата и реставрација и конзервација на старата турска бања. Саат Кулата треба да биде висока околу 18- на метри на самиот врв со платфрома за набљудување и саат, а подрачјето околу неа хориткултурно уредено со клупи за одмор.

,,Турската бања” или ,,Градскиот амам” во Стар Дојран исто така е срушена во Првата светска војна. Планирано е да се извршат конзерваторски и реставраторски работи на сочуваните делови на локацијата за да се сочува автентичноста на амамот. Подигањето на урнисаната саат кула во Дорјан и реставрацијата на турската бања се очекува да бидат готови до средината на идната година. Средствата се обезбедени од ЕУ од програмата за прекугранична соработка во висина од 250 илјади евра.

Ване Трајков