Земјотрес почувствуван во неколку градови низ Македонија, епицентарот бил во Грција – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/20 11:14 PM

Земјотрес почувствуван во неколку градови низ Македонија, епицентарот бил во Грција

Слаб земјотрес во 22:03 часот почувствувале жителите на југо-западна Македонија. Според информациите станува збор за земјотрес чиј епицентар е во Грција.

Земјотресот бил со јачина од 3,9 степени по рихтер, а на длабочина од 1 километар.

Во Македонија почувствуван е кај дел од граѓаните во Охрид, Битола, Ресен…