Администрацијата за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот домашен тест за коронавирус, за кој нема да биде потребен рецепт.
Според оваа агенција, дозволено е тестот да се користи и за деца помлади од две години. Резултатите се добиваат за само 15 до 20 минути . За разлика од многу други тестови, кои треба да ги користат само луѓе со симптоми на ковид-19, овој тест е одобрен и за оние кои немаат симптоми, пишува Њујорк Тајмс.
Тестот, развиен од австралиската компанија Ellume, е тест за антиген, што значи дека детектира протеин на површината на коронавирусот, за разлика од тестовите за ПЦР кои бараат генетски материјал на вирусот.
Ellume планира да произведе и испрати околу 20 милиони тестови за коронавирус во САД во првата половина на 2021 година.
Цената на овој тест за дома се очекува да биде околу 30 долари или помалку.
фото-правдико.мк